ВО ЧЕСТ НА ПАДНАТИОТ БОРЕЦ НА АСТРОНОМИЈАТА…

Жалам што ќе известам дека се поплави единствениот Планетариум во државава. Изграден и инсталиран во рамките на МКЦ, непрекинато си ја служеше намената од 1973та наваму, за да падне под немилосрдната експлозија на ребро од радијатор. Да не се поплавеше најверојатно ќе го експлоатиравме уште едно 350 години, додека да дојдеа Боргите и го апгрејдуваа во просторија за Астрометрика, пошто се разбира во нашава држава пари за Астрономија … НЕМА.

Беше долго време собиралиште на Астрономи аматери и ентузијасти. Широкоградо прифати основање на три Астрономски друштва кои со текот на годините во рамките на своите можности постигнаа солидни резултати. Овозможи едукација на голем број основци и средношколци од цела Македонија , запознавајки ги со убавините на ноќното небо.

Сеуште се прави демиџ контрол, некаде наредната недела би требало да се знае комплетната штета и исплатливоста дали ќе профункционира повторно. Да се надеваме дека со закажаната ревитализација на МКЦ ќе се направи нешто и за оваа инсталација која непрекинато веќе 36 години беше едно од ретките места во државава каде што можеше да се научи нешто практично за Астрономијата.

Во чест на паднатиот борец (тие што посетиле предавање под диригентското светлуцаво стрелче на Маријан знаат на што мислам).

YouTube Preview Image


15 Responses to “ВО ЧЕСТ НА ПАДНАТИОТ БОРЕЦ НА АСТРОНОМИЈАТА…”

  1. Жално е тоа што се случило. Препорачувам да се обратите за помош на Русија. Русија е земја со развиена астрономија, космонаутика, па мислам ќе Ви дадат помош во апаратура, телескопи и друго.

  2. Па да… на нив им останаа еден куп апарати што ги демонтираа од поранешните Советски републики што се одделија кога се распадна СССР. Само што овие апарати се стари и преку 20 и повеќе години. На времето проф. Мијат Мијатовиќ, додека беше жив, преговараше со една опсерваторија од Казакстан за да ни донираат некој телескоп што веќе не им бил во употреба. На крај сепак се покажа дека трошоците за транспорт и не се занемарливи и дека немаме капацитет за да изградиме просторија за телескопов. Настрана од целиов скептицизам што е присутен на мојов блог во однос на Астрономијата, во денешно време за да се опреми еден планетариум влогот и не е толку голем, се изведува со околу 100 000ЕУ, ако има интерес за инвестирање се разбира од локалните па ако сакате и државните авторитети.

  3. Се надевам дека Македонија ќе смогни сили да го изгради градежно објектот, опсерваторијата, која е во интерес на едукација на младото поколение, а жто се однесува до апаратурата – телескоп и друго неопходно за астрономијата, јас мислам дека вреди да се направи обид, да се побара помош од Русија, и тоа или директно да се обратите во Русија, или тоа да го направите преку Руската Амбасада во Скопје, на Рускиот Амбасадор. Секако тоа да биде официјално обраќање и да е издржано и поткрепено.

  4. Оксана — дали можам од дијалогов да предпоставам дека си Русинка?

  5. Оксана е украинско име.

  6. … па да бараме помош од украина … :) ))) …
    … ние си сакаме нашата влада да одвои сретства за планетариум достоен за метропола …
    … си бараме опсерваторија достојна на земја која си го има НАЈСТАРОТО ОКО КОН ЅВЕЗДЕНО НЕБО – КОКИНО …
    … само си сакаме традицијата да продолжи во современи услови …

  7. Дај контакт адреса, контакт име од планетариумот у Скопје.
    Да пробам ако може нешто од овде.

  8. Гоцке — чукано е на сите врати во државава… бидејки никој од нас не е партиски врзан… а тоа едноставно така функционира нели… никој не одвојува средства за Астрономија…и на никого не му е гајле…

    Перонаков — адресата е: Планетариум – МЦК, кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје, Македонија … мојата е-маил адреса и моето име можеш како контакт да ги искористиш ќе ти ги пратам во ПП…

  9. Зошто да не побарате помош и од Украина. Таа нас ние пријателска земја, историјата на Украина е многу слична со историјата на Македонија. Јас во разговор со украинци дознавам дека тие со симпатии гледаат на македонија. Ова не се само празни фрази, од моја страна. Јас го знам менталитетот на украинците. Обратете се и до Украинската Амбасада во Скопје, за опрема за опсерваторија.
    Поздрав.

  10. Направени се анализи… на Македонија не и требаат некои многу скапи научни опсерватории… потребна е Граѓанска опсерваторија што ќе служи за едукативни цели… проблемот не е во немање на пари…. проблемот е во незаинтересираност на министерствата и владата…. луѓето што се занимаваме со Астрономија сме аполитични… и токму од тие причини никој не ни обрнува внимание… имаше предлог проект за изградба на опсерваторија на врвот на водно….меѓутоа со игзрадбата на Милениумскиот крст оваа локација беше избришана и плус се докажа кои се приоритетите на државата…

  11. mariage и ние со симпатии гледаме кон украина и русија … и кон кина и индија и кон џерманија и франција …
    … ма и црвени рози за нив … :) … ма за цел свет :)

  12. Инаку денес по направената првична анализа се утврди дека се прегорени напонските трансформатори… значи уредот сепак ќе се поправи и после едно сушење на просторијата со „тајфуни“ се ќе биде како што треба…. најверојатно ќе остане варијантата дека иако стар ќе послужи уште едно 350 години додека да дојдат Боргите…

  13. Јас велам да се обидете со молба до Руската и до Украинската Амбасада, ништо не губите. Е сега, ако нешто ви е незгодно или можеби сте внимателни некој да не ве прекори, тоа е друго, тука веќе зависи од вас.
    Поздрав.

  14. Оксана — летово ќе патувам за Русија и ќе остварам контакти со Астрономите таму… па ќе видиме… можеби сепак нешто продуктивно ќе искочи од тоа…

    Поздрав

  15. Ако Ви треба некаква помош, побарајте ме. Јас добро ги знам приликите во Украина и во Русија.
    Ви пожелувам да го остварите патувањето во Русија.
    Поздрав.

Напишете коментар